ТРЕНИНЗИ
Методологијата e заснована на програмите за обука од Persona Global, CEFE International Germany и Ericsson College Canada – Solution-oriented coaching, со елементи на НЛП, трансакциска анализа и емоционална интелигенција.


Erickson College of Canada
Е глобална образовна организација од 1980 година, која обезбедува програми за професионална обука за коучинг и развој ширум светот. Нивните програми вклучуваат напредни технологии за човековата динамика и промена, забрзано учење, развој на лидерство, креативност и постигнување на извонредност во коучингот. Оваа методологија се применува и предава на многу локации ширум светот. Програмата The Art & Science of Coaching e акредитирана од Меѓународната коучинг федерација - ICF е една од водечките, најбрзорастечки програми за обука на тренери во светот.

CEFE (The Competency based Economies through Formation of Entrepreneurs)
Е еден од најуспешните методи за претприемачки развој кој вклучува комуникациски и лидерски вештини. Овој тренинг користи активен пристап и методи за динамично и искуствено учење сѐ со цел да ги развие и подобри менаџерските и личните вештини и компетенции кај различните целни групи. Има за цел не само да пренесе информации туку и да создаде компетенции кои вклучуваат знаење, ставови, вештини и навики. Ја зголемува способноста на учесниците да донесат одлуки и да преземаат активности во сложени и променливи системи.

Persona Global's програмите
Им даваат на учесниците алатки за подигнување на нивните комуникациски вештини на едно сосема ново ниво. Нови вештини за моќно и убедливо пренесување на својата порака во која било деловна ситуациј. Дополнително ги наградува како да изградат и одржуваат успешни тимови, преку развој на вештини за комуникација, управување со времето, вредности, а со тоа и решавање на конфликти, мотивација и тимска работа. Оваа програма е многу корисна за сите оние за кои Soft skills и комуникациските вештини се клучни во нивната работа: менаџери, лидери, супервизори, вработени во човечки ресурси и сите што имаат директна комуникација со клиенти итн.

Process Communication Model® (PCM)
PCM е научно потврдена методологија за проценка на личноста и комуникација. Оваа работилница ќе му овозможи на вашиот тим да ги разберат нивните преференции за комуникација. Со користење на PCM, учесниците ќе ги подобрат своите вештини за интерперсонална комуникација, што ќе доведе до поефикасна соработка, намалени недоразбирања и подобрена кохезија на тимот.

Harvard ManageMentor®
Harvard ManageMentor® е светски позната платформа која нуди широк спектар на ресурси за развој на лидерство и менаџмент. Оваа работилница ќе ги води учесниците низ клучните модули, обезбедувајќи им увиди од експертите на Harvard Business Review. Темите вклучуваат лидерство, стратегија, комуникација и многу повеќе, обезбедувајќи му на вашиот тим да стекне вредни практични вештини од глобално призна
ЛИСТА НА ДОСТАПНИ ТРЕНИНЗИ

Team Management
Лоцирање на проблемите кои го ограничуваат напредокот на тимот, преземање корективни мерки за нивно отстранување и подобрување на перформансите, решавање конфликти, поддршка на единството во тимот, подобрување на вештините за водење тим. Работилницата содржи теоретски и практичен дел.

Career Management
Идентификување на клучните деловни интереси и вредности како основа за награда и вештини, идентификација на можностите за кариера во моменталната позиција или организација што ќе овозможат изразување на овие интереси и вештини, достигнувања и награди, остварување на придобивките од ресурсите и процесите на развој на кариерата , како кариерни советници, ментори, вмрежување, неформални интервјуа и извештаи за професионален развој, помош на другите во управувањето со кариерата. Работилницата содржи теоретски и практичен дел.

Time Management
Разбирање за концептот, важноста и карактеристиките за организацијата на времето, како го трошиме и организираме, стекнување знаења и вештини кои овозможуваат поефикасно планирање и користење на времето, правење личен план за организација. Работилницата содржи теоретски и практичен дел.

Work - Life balance
Обуката ќе им помогне на вработените да ја препознаат и почитуваат целината на животот. Вежбите од овој тренинг ќе им помогнат да увидат како нивниот приватен живот влијае на нивната работна ефикасност и ефективност, и обратно, како професионалниот живот влијае на приватниот аспект. Вработените ќе научат да градат здрави граници и подобро да ги координираат и организираат овие два аспекта од животот..

Changing Beliefs
Преку истражување и специфични процеси ќе ги идентификувате и преиспитате мислите кои создаваат ограничувачки верувања за себе и за светот што ве опкружува, Ќе научите како да ги преформулирате и решите. Применувањето ментална јасност, ослободување од депресија, намалување на стресот, регулирање на негативните емоции ќе резултира со постигнување повеќе мир, повеќе енергија и подобрување на односите со другите луѓе. Работилницата содржи теоретски и практичен дел.

Decision Making
Целта е да се научат нови стратегии за поставување приоритети. Оваа работилница исто така ќе им помогне на учесниците да ги научат фазите на донесување одлуки, да станат свесни за нивниот процес на одлучување и кои најмногу влијаат на процесот. Ќе научите како да донесувате одлуки во стресни ситуации, како да донесувате конструктивни одлуки и како да донесувате одлуки кои ќе бидат задоволителни.

NLP - Way to Success
Harvard ManageMentor® е светски позната платформа која нуди широк спектар на ресурси за развој на лидерство и менаџмент. Оваа работилница ќе ги води учесниците низ клучните модули, обезбедувајќи им увиди од експертите на Harvard Business Review. Темите вклучуваат лидерство, стратегија, комуникација и многу повеќе, обезбедувајќи му на вашиот тим да стекне вредни практични вештини од глобално

Building Effective Teams
Ефективните тимови работат како целина. Секој член носи уникатни способности и вештини во тимот, сечие учество се почитува, добро организираната работа се завршува ефикасно и секој придонесува за постигнување на заедничката цел. Оваа обука е посветена за стекнување низа вештини за тоа како да формирате ефективни тимови.

Nonverbal Communication and Power Recognition
Учиме вештините за невербална комуникација, говорот на телото, тонот на гласот, држењето на телото, изразот на лицето и пораките што ги испраќаме и примаме.
Како да ги препознаваме несвесните пораки од невербалната комуникација, во сопствената и комуникацијата со опкружувањето.

Meditation and Relaxation
Вовед во медитација, дефиниција и разбирање на потребата од медитација.
Утврдување зошто стресот е клучна причина за многу состојби и медитацијата како алатка за ослободување од стресот, усвојување начини за релаксација и практична примена на медитацијата. Работилницата содржи теоретски и практичен дел.

Mindfulness
Учесниците ќе совладаат техники за медитација и присутност во сегашниот момент.
Со ова ќе да го подобрат фокусот, концентрацијата и вниманието кон деталите во секојдневните задачи. Ке научат како да прават разлика помеѓу реактивни и рефлективни дејствија, како да ја усогласат нивната лична визија и вредности, да покажат повеќе активно слушање со помалку осудување кон себе и другите. Сето ова овозможува јакнење на комуникациски вештини и препознавање на промените, трансформација на ограничувањата, зголемена самосвесноста и креативност во секојдневните задачи.

Deep Coaching
Учесниците ќе можат да дознаат за пристапот на Deep Coaching и нивниот внатрешниот раст и развој и способноста да објаснат што е разликата на Spiritual Coaching наспроти другите форми на коучинг, да размислуваат за внатрешниот раст од научна перспектива, да се усогласат со патувањето за личен развој, да ги надминат предизвиците со личната интимност и да ги трансформираат во подлабоки конекции, разрешување на лични конфликти со другите, развивање нови мисловни процеси на едно повисоко ниво преку визијата за коучинг, примена на метафори за усогласување на патувањето во о внатрешенот личен развој, демонстрирање и размислување - „НИЕ“ како клучна област за човековиот развој и клучните разлики во него.
КОЈ Е СЛЕДНИОТ ЧЕКОР?
За да продолжите со оваа трансформативна можност, предлагаме краток повик и да разговараме за сите спецификации, цели и дополнителни теми што би сакале да ги вклучиме во тренинзите, сѐ со цел подобро да ги усогласиме со вашите организациски потреби. Веруваме дека овие тренинзи не само што ќе ги исполнат туку и ќе ги надминат вашите очекувања и можноста да придонесеме за континуиран успех во вашата организација.